речник контакт

Хотел Интернационал со нов сопственик

Бинго груп го купи од Мак оил

Петар Печков

Од почетокот на  ноември, хотелот Интернационал, има нов сопственик.    Објектот кој е во центарот на градот и 12 години беше напуштен и празен, ќе има повеќе намени, така најавува новиот  газда. Веста за купопродажба пред нова година за ТрМр ја потврди дотогашниот сопственик Мите Јованов.

Да Хотелот Интернационал го продадов. Има уредна документација,заверен купопродажен договор кај нотар. Новиот сопственик вие велешани  добро го знаете, тоа е фирмата на  Бубе Карагиров. За сите други информации можете нему да му се обратите – изјави Јованов во телефонски разговор.    

Тој Хотелот Интернационал  ги купи  2008-та  на јавна лицитација од Радо банк, која беше во стечај, за 860 илјади евра.  И Хотелот беше во стечај и не работеше од 2005-тата.  

Нов сопственик е фирмата  ,,Бигно груп,, ДООЕЛ на Карагиров.   Тој во телефонскиот разговор потврди дека го купи хотелот. Најави дека ќе се работи етапно до конечното завршување.

Во наскоро време треба да бидат пуштени дуќаните, кои се во приземје. Потоа следи ресторанскиот дел, кој е на кат. Следно е сместувачкиот дел од хотелот. Се планирани 45 соби со околу 100-тна легла. Во последната фаза е уредувањето на  задниот -нови дел, кој ќе биде станбен дел за домување – изјави Карагиров.  

Реновирањето на хотелот ќе значи за гостите во Велес, оти во самиот град нема хотел, сите се на неговите приодите и поблиска околина.  Хотелот е на површина од 3,5 илјади м2. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »