речник контакт

Хотел Монтенегро Ривиера не е повеќе државен карантин

Денес замина последната група од 41 македонски државјани, повратници од странство

Петар Печков

Хотелот Монетнегро Ривиера повеќе не е државен карантин. Денес на пладне замина последната група од 41 лица македонски  државјани повратници од странство.

Согласно одлуката на Владата од денес, нема повеќе државен карантин, нема задолжителна изолација по враќањето од странство  Тој беше времен дом за повеќе стотина македонски граѓани, кои се вратија од странство, почнувајќи од 27-ти март. За овој период само две лица беа позитивни на ковид-19.   

Четирите лица кои беа во хотелот, поради тоа што не го почитуваа  решението за изолација,  а полицајците не ги нашле дома, кога биле во контрола, заминуваат во Хотел во Скопје. 

Во овој период, додека хотелот  Монтенегро Ривиера беше државен карантин, немаше реакции од страна на повратниците за условите за престој.

Здравствените работници- докторите , кои изминатиот период беа здравствена   поддршка за лицата повратници, од денес се повлекуваат на своите работни места и од понеделник се на работна обврска во Општа Болница и во Итаната помош -   рече д-р Страхил Тодоров портпарол на Здравствен дом Велес.

Тој во еден периодн заедно со колегите д-р Кевица Клифова од итната помош и д-р Влатко Лукаров и д-р Ангелина Ивановска од Општа Болница Велес, се грижеа за здравјето на повратниците.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »