речник контакт

Хотел под морето, Посејдон

Престој од седум дена во хотелот, за кој не е познато каде се наоѓа во Тихиот океан, чини 15 илјади долари

Петар Печков

Длабоко под нивото на морето, покај островот Фиџи во Тихиот океан, се наоѓа вистински  хотелски рај, симбол на луксузот ,,Посејдон,,. Тоа е единственото одморалиште на светот каде е можно одморот да се мине во кристално чиста вода, по цена од 15 илјади долари за еднонеделен престој. Хотелскиот комплекс ,,Посејдон,, чија изградба траеше неколку години се наоѓа на 12 метри под морското ниво, покрај островот Фиџи.

Но тоа е малку познато за обичните смртници, достапно е само за супер богаташите. Се наоѓа на мистериозна локација и може да се види дури откако ќе се слета со хидроавион и по доаѓањето со јахтата на местото каде се влегува во хотелот.  Овој хотелски комплекс има свое пристаниште и команден центар од каде гостите се спуштаат во преубавиот и единствен подземен свет со специјални и модерни лифтови. Хотелот нема своја адреса а медиумите ни по година дена од отворањето не успеале да го лоцираат каде се наоѓа.

Првите илјада гости, нивните имиња се наоѓаат напишани на островот и на подот од хотелската рецепција. Цената на престој  во овој подводен свет е непроменета и изнесува 15 илјади долари за еден, во двокреветна соба. Аранжманот вклучува само две ноќевање под вода, додека останатите пет се во супер луксузни вили на блискиот остров. Комплексот има 24 подводни апартмани, чии ѕидови со 75 отсто се провидни и даваат неверојатно чувство на престој во море.

Собите постојано се со свеж воздух и воздушен притисок кои се под контрола. Посејдон има шест ресторани, седум барови, библиотека, театар, сала за конференции и сала за венчавање која се изнајмува. За специјалните гости се нуди и можност за изнајмување на целиот комплекс, подводниот и сувиот,  за 3 милиони долари за седум дена. И за некого најважното, во комплексот цигари не се внесуваат а пушењето е најстрого забрането, неможно.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »