речник контакт

Храмот Каилаc во Индија, изработен од една карпа

Ремек дело од 9-тиот век cо непозната како тоа тогашните архитекти го извеле

Петар Печков

Честопати се среќаваме со ремек-дела од минатото што покажуваат дека луѓето користеле неверојатно напредна технологија за да аги изградат. Или дека  можеби вонземјаните им помогнале на луѓето од минатото да ги создадат Стоунхенџ и пирамидите.

Таков е  случајот со  храмот Каиласа во Индија. Кога детално ќе го погледнете овој индиски храм, веднаш ќе дојдете до заклучок дека луѓето добиле некаква натприродна помош. На династијата Раштакута, архитектурата со камења не била непозната за индиското општество во тоа време.

Самиот храм е длабок 50, висок 30 и широк 33 метри, со што претставува една од најголемите монолитски градби на планетата.Инаку, „Каиласа“ е само еден од 34-те манастири и храмови што се наоѓаат на површина од околу два квадратни километри.Се наведува дека на ова прекрасно здание работеле различни култури, вклучувајќи Индуси, Џанисти и будисти. Според некои тврдења првите пештери се изградени 300 години пред новата ера, но поголемиот дел е направен од 4 до 9 век. Тоа е единствен пример на светот каде што планината е моделирана од врвот надолу за да се направи оваа градба.

На височина од 30 метри, храмот Каиласа е за 50 отсто повисок од Партенон во Грција. Меѓутоа, она што го прави овој храм различен од другите не е само височината. Всушност, овој храм ги поттикнува архитектите да развијат нов иновативен метод. Наместо резбање модели и скулптури во ѕидот, храмот бил изграден од врвот надолу. Вооружени само со чекани, градителите почнале од самиот врв на планината и најпрво ги создале сложените покриви, потоа врвовите на столбовите, а потоа скулптурните слонови, од нивните глави до нивните стапала.

Ваквата архитектура во 9 век била позната за Индија. Всушност, не е единствениот ваков храм, туку е една од 34. слични локации во комплексот на пештерата Елора.

Муслиманскиот крал Аурангзеб ангажирал илјадници работници за во целост да го уништат овој храм. Во 1682-та година тој наредил храмот да се срамни со земјата. Според записите, илјадници работници цели три години се обидувале да го уништат, но не направиле никаква поголема штета. Успеале да искршат по некоја статуа, но храмот не можеле да го уништат во целост. Аурангзеб набрзо се откажал од оваа невозможна задача.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »