речник контакт

Храмот Св. Кирил и Методиј ќе биде осветен годинава

Денот кога ќе се случи овој чин, не е прецизиран

Петар Печков

Соборниот храм Св. Кирил и Методиј ќе биде осветен годинава, но не е познато во кој дел од годината тоа ќе се случи. Поголемиот дел до работите биле завршени, останало да се исцртаат фреските по ѕидовите од градбата. Таа почна да се гради во јуни 2006-тата и е дело на архитектот Тодор Паскали од Охрид. Налик е на црквата „Св. Богородица“ во село Калишта-струшко.

Многу пати имам кажано, дека градежните работи се готови, иконостасот  и иконите се исто така   готови. Остана уште фрескоживописот и дворното уредување. Тоа е при крај и годинава црквата ќе биде осветена. Не можам да кажам отсега ден и датум кога тоа ќе е случи, но извесно е дека  во 2014-тата  ќе биде готова Велес  и ќе го добие овој храм – изјави владиката  Агатангел  Митрополит на Повардарската Епархија.

Во тек се и работите во внатрешноста на црквата Св. Кузман и Дамјан која е лоцирана во кругот на велешката Болница. Таму исто така градежните работи се готови. Во тек било фрескоживописувањето  и цртањето на иконите, а завршен бил иконостасот, како и партерното уредување. Таа се планира да се освети во наредната 2015-та година.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »