речник контакт

Храна за болните од туберкулоза , но и за старите и изнемоштени лица во Чашка

Посетени вкупно 11 семејства

Петар Печков

Деновиве, Општинска организација на  Црвен крст на  Велес додели пакети храна на ранливи групи население. Заокружувајќи ги активностите по повод Неделата на борба против туберкулоза , во соработка со одделението за белодробни заболување при ЈЗУ Општа болница Велес, беше организирана посета на три семејства во кои нивни членови се на домашно лекување од туберкулоза.

Притоа, од средствата од фондот за солидарност на ООЦК беа набавени и им беа доделени пакети со сок и пастеризирано млеко. Наредниот ден, претставници на Општинската организација, во соработка со локалната самоуправа од општина Чашка и волонтери на Црвениот крст од основното училиште „Тодор Јанев“ од Чашка беа во посета на повеќе семејства во Населба Чашка, и селата Дреново, Долно Јаболчиште, Богомила и Владиловци при што на стари и изнемоштени лица и лица со хендикеп им беа доделени осум пакети со прехранбени производи.

Помошта беше набавена од преостанатите средства од хуманитарната акција „Од куќа до куќа“ што се организираше по повод Неделата на солидарност.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »