речник контакт

Хрватска ја победи Македонија среде Велес

Шанса за поправен сабота напладне Македонија Србија жени сала 25 мај

Петар Печков

Македонија, со 32 : 28, беше поразена од Хрватска, во вториот контролен натпревар, во рамките на подготовките за Европското првенство, на кое ние сме домаќини 

\"\"

Подмладениот состав на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија и во вториот подготвителен натпревар во пресрет на Европското првенство, кое во месец декември ќе се одржи во нашата земја, загуби од селекцијата на Хрватска.Нашите репрезентативки во Велес, пред 2,5 илјади гледачи во салата 25 мај, започнаа добро. Во првото полувреме играа солидно и со мали исклучоци на пад во играта, го добија со убедливи, 18 : 14.

Селекторот Савевски, се одлучи второто полувреме да го започне со втората постава, која требаше да го зачува водството, стекнато по првиот дел. Младите ракометарки се држеа до 49 –та минута, кога имаа предност од 24 : 22, а потоа се забележа голем пад во играта на нашата селекција. Хрватска го искористи овој период, па до крајот на средбата постигна 10, наспроти 4 – те гола на Македонија.

\"\"

Одличната Татари, со 7 гола, беше предводник на хрватската селекција, која дојде до втората победа против нашата репрезентација. Во составот на Љупчо Савевски, најефикасна беше Драгана Пецевска, која имаше 6 гола од 7 обиди, но со 100% учинок од игра, 6 од 6.Македонската репрезентација, викендов ќе има нови контроли, против Србија, а Хрватска патува на квалификацискиот турнир, за Олимписките игри, кој ќе се оддржи во Германија.

Велес по трет пат за една седмица ќе биде домаќин на државната селекција. В сабота, на пладне во 12 часот, во салата 25 мај ќе играат женските селекции на Македонија и Србија.
\"\"

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »