речник контакт

Христијански празник Водици

Празникот Водици или Богојавление народот го празнува како еден од најголемите христијански празници.

Аница Солева

Празникот Водици или Богојавление народот го празнува како еден од најголемите христијански празници. На тој ден според верувањето Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Традиционално, и оваа година на 19 јануари ќе се фрла крстот во Вардар, велешкиот Јордан. Се сеќавате ли пред 2-3 години какво беше искуството на верниците кога крстот го фрлаше Јован Вранишковски. Таа година мислам дека сите ќе ја паметат. Брука! Ама помина. Незнам колку „кандидати“ ќе има оваа година, ама јас сигурно не сум еден од нив. Незнам како се фрлаат во Вардар, кога толку многу е студено и каков е филингот откако ќе излезат од водата. Но затоа, тој што ќе го фати осветениот крст цела година ќе го следи здравје и среќа, а сигурно ќе добие и телевизор :)

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »