речник контакт

Хуманитарен концерт за Тамара

Четврток вечер 27 ноември, сала Гемиџии, бројни гости, цена на билет 100 денари

Петар Печков

Следниот четврток, на 27 ноември, во салата Гемиџии во Велес, во 20 ч. ќе започне голем хуманитарен концерт, а собраните средства се наменети за лечење на малата Тамара, наша сограѓанка. На концертот, кој е организиран од група на граѓани, кои самоиницијативно одлучија да и помогнат на 10 годишното девојче, ќе настапат бројни ѕвезди од македонската поп сцена.

Во краток период успеавме да договориме учество ан бројни гости. На овој начин сакаме да помогнеме на Тамара, да собере дел од средства, но и да иницираме акција кај сограѓаните и тие да помогнат колку можат – најави Пеце Ацев еден од иницијаторите и организаторите на хуманитарниот концерт.

Тој како сигурни учесници на хуманитарниот концерт  ги најави имињата на Наде Талеска, Наташа Малинкова,  Викторија Лоба, Виктор Апостоловски, Мики Секуловски, Роберт Билбилов,Димитар Андоновски, Рената, Нина Јанева, Александар Тарабунов, велешките групи Соната и Виртус, како и други гости.

Тамара Димовска се судрува со сериозен здравствен проблем, искривување на `рбетот, за кој Министерството за здравство и Фондот за здравство не прифатиле да се лекува во странство со што и се заканува траен инвалидитет. . 

Телефонски броеви за донации
T-Mobile- 070143115
Вип : 077143123

Трансакциска сметка за донации: 380477149401140 Прокредит банка Велес на име Тамара Димовска

Девизна сметка: НЛБ Тутунска банка АД Скопје, улица: Водњанска бр 1 Скопје, Македонија IBAN CODE MK 07210501622216118SWIFT TUTNMK 22

Za site humani lica sto ziveat vo Canada i sakaat da pomognat za TAMARA ,
otvorena e ziro smetka vo
TD Canada Trust BR # 540 ACCOUNT # 6508226 na ime Marjana Malinovska .

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »