речник контакт

Хуманитарна акција во ОУ Блаже Конески

Таа е по повод 3-ти декември, Светскиот ден на лицата со посебни потреби. Собраните средства од продажба на храната наменети за Стојанче Димовски, за негово лекување

Петар Печков

ООУ Блаже Конески беше домаќин и организатор на хуманитарна манифестација по повод 3-ти декември меѓународен ден  на лицата со посебни потреби.

Оваа хуманитарна акција е  традиционална, прифатена со голем интерес од граѓаните . Поливалентниот простор во училиштето беше претесен за да ги собере сите гости и заинтересирани .

Свој придонес во акцијата дадоа  родителите ,наставниците  и пекарите од Велес. Оваа година поддршката ја добија  и од  здруженијата на жени на Албанци   и Бошнаци со нивната традиционална кујна на солени и слатки производи.
.
Собраните средства ќе се донираат на лицата заболени од церебрална парализа  и Стојанче Димовски кој замина на лекување во Кина .

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »