речник контакт

Хуманитарна акција за „Неделата на борба против гладот“ на Црвен Крст -Велес и Жито Маркети

На четири пункта, граѓаните можат да остават прехранбени производи, не расипливи и со доволен рок на траење

Петар Печков

Од 16-ти до 22-ри октомври, се реализира „Неделата на борба против гладот“. Хуманитарната акција  ја спроведува Општинската организација на Црвениот крст од Велес, годинава  на територијата на Општина Велес со помош на Жито Маркети. Мотото е „Помислете и на нас“.

Апелираме до сите хумани граѓани, пронајдете ги одбележаните места за донации во Жито Маркетите, прехранбени производи по Ваша желба, но по можност не расипливи и со доволен рок на траење, донирајте ги за социјално ранливите категории. Собраните производи во вид на пакети ќе се донираат на социјално загрозени семејства - изјави Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес.
 
Граѓаните кога одат да пазаруваат, можат да купат било кој прехранбен производ, да го платат на каса, по што на еден од четирите пункта на Жито Маркети, кој е поставен од ОО Црвен крст да го донираат за социјално ранливите категории жители на Општина Велес.

Пунктовите се поставени во Жито Маркетите - кај Градскиот пазар,  кај Гимназијата,  во близина на Општинската зграда и Ване Жито.  

Акцијата ќе трае до 22-ри октомври.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »