речник контакт

Хуманитарна караоке забава

Во рамките на активностите на Ротаракт клубот Велес, изминатиов викенд (сабота, 29.03) се одржа голема караоке хуманитарна забава во кафе барот „Спорт Кафе 11-ка“ во Велес

Аница Солева

Во рамките на активностите на Ротаракт клубот Велес, изминатиов ви?енд (сабота, 29.03) се одржа голема караоке хуманитарна забава во кафе барот „Спорт Кафе 11-ка“ во Велес, каде голем број на членови на клубот, од нив поканети гости и останатите посетители на кафе барот незаборавно се забавуваа се до доцна во ноќта.

\"\"
 
Хуманитарната забава беше реализирана како заедничко интерактивно „караоке show“ на кое сите присутни заедно пееја домашни и странски музички хитови, поддржани од специјален технички прилагоден „караоке“ музички софтвер кој се проектираше на голем видео бим, а гостите покажаа дека се одлични пеачи и навистина прекрасно си поминаа на оваа малку поинаква вечерна забава која се случи во нашиот град.
 \"\"

Дел од остварениот промет во кафе барот, средствата кои во текот на целата вечер се собираа во специјално наменета кутија за донации, како и средствата донирани од повеќе фирми се наменети за помош на децата со посебни потреби, ученици во Посебното Основно Училиште „Маца Овчарова“ од Велес.
 \"\"

Оваа идеја за поразлично и нестереотипно забавување од хуманитарен карактер реализирана од Ротаракт клубот Велес прв пат се реализираше во 2007 година, а според клубската агенда ќе биде традиционален проект, односно ќе се одрзува секоја пролет. Овие хуманитарни забави наидоа на одлични критики од велешката јавност, што е само причина повеќе за клубот и понатаму да реализира хуманитарни акции во рамките на своите идни активности и воедно да придонесува за афирмирање на дружењето помеѓу младите во Велес и истовремено да помага на оние на кои помошта им е неопходна.

\"\"

\"\"

\"\"

\"\"

\"\"

\"\"

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »