речник контакт

Хуманитарната помош од Армијата заврши кај семејството Панови во Владиловци (фото)

Петчленото семејство живее во лоши услови а трите деца се на возраст од три, пет и седум години

Петар Печков

Хуманитарната помош, која вчера припадниците од велешкиот гарнизон на АРМ ја предадоа на Општинскиот Црвен Крст, денес заврши во вистински раце, кај петчленото семејство Панови во село Владиловци. Семејството има три деца на возраст од три, пет и седум години и живее во лоши услови.

„Двајца волонери од   Црвен крст Велес ја доставија хуманитарната помош од припадниците на Армијата, до ова населено место оддалечено 30-тина километри од градската средина. Хуманитарната помош се состоеше во пакети со храна, средства за хигиена, облека и покуќнина“ - соопшти Орце Николов, секретар на ОО Црвен крст Велес.   

Пакетите беа  донација од  вработените во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ по повод 15-ти Април Денот на единицата.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »