речник контакт

Хуманитарни пакети за стари лица со ниски примања

Пакетите со храна и хигиенски производи биле собрани од вработени и учениците на ОУ Васил Главинов а поделени од волонтерите на ОО Црвен крст Велес

Петар Печков

Волонтерите на Општинската организација на Црвен Крст Велес, поделија хуманитарни пакети наменети за стари лица со ниски примања.

„Хуманитарната акција се реализира со помош на вработените и учениците во ОУ „Васил Главинов“ кои собраа храна и хигиенски производи, а со помош на волонтери истата се подели таму каде што е најпотребна. Пакетите содржеа прехранбени и хигиена производи. Вкупно се поделија 17 пакети со храна и 17 пакети со средства за хигиена“ - соопшти Орце Николов секретар на ОО Црвен крст Велес.
.
Повод за акцијата е 1-ви октомври Меѓународен ден на старите лица. Општинската организација на Црвен крст преку цела година реализира различни активности за подобрување на животот кај оваа категорија на лица. Освен во Велес дел од хуманитарната помош се подели на семејство од Уланци.

 фото ФБ / ОО Црвен крст Велес

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »