речник контакт

Хуманитарни пакети со храна за социјалните случаи

Тие се обезбедени од донациите на „Новогодинешниот базар“ во Младинскиот парк

Петар Печков

Волонтерите на Општинската организација на Црен крст Велес ги поделија хуманитарните пакети со храна, кои беа обезбедени на  „Новогодинешниот базар“ во Младинскиот парк.

„Хуманитарни пакети со храна се поделија на лица и семејства во Велес и околината кои живеат со ниски примања. Поделени се  18 пакети со основни прехранбени производи.

Хуманитарната помош е донација од граѓаните на Велес“ - соопшти Орце Николов секретар на ОО Црен крст Велес.
.
Средствата се донираа на хуманитарниот штанд кој беше поставен за време на одржувањето на „Новогодинешниот базар“ во Младинскиот парк.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »