речник контакт

Хуманитарно на Питијадата собрани 75 илјади денари

Средствата се за операција на 14 годишниот Кристијан Андреев

Петар Печков

Организаторот на годинашната манифестација Фестивал на питата и виното ја соопшти собраната сума на средства, која беше хуманитарна и наменска. 75.210 денари се собрани од повеќето штандови како доанции од посетители, различни активности, продажба на  друг велешки тестен специјалитет ѓозлемето, настани кои се одвиваа изминатите три дена.

Во оваа сума е и донацијата од градоначалникот Аце Коцевски во висина од 50 илјади денари.   Овие средства се за 14 годишниот Кристијан Андреев од Велес, кој според докторите боледува до тежок облик на аутизам и епилепсија.

За операција во Турција потребни се  38 илјади евра, средства кои семејството не може да ги обезбеди.  Отворена е жиро сметка 210-7000006478-05 Тутунска банка за лекување на  Кристијан Андреев. Или со повик на телефоните 070/143-161 и 077/143 -463 се донираат 100 денари. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »