речник контакт

Хуманитарно трчање за поштарот Зоран Димов (фото)

Дојдоа стотина велешани, трчаа половината а собрани беа 28.200 денари. Зоран беше атлетичар и спортист на Велес за 2012 година

Петар Печков

,,Трчај, донирај и биди хуман,, под ова мото на Градскиот стадион  во Велес се одржа хуманитарна трка. Таа се организираше за помош на велешкиот маратонец Зоран Димов. На трката учествуваа стотина велешани,   меѓу нив и четири девојки, но и гости и пријатели на Зоран од Скопје.

 Секој  од нив трчаше  колку можеше, но испратија силна порака дека на Зоран треба да му се помогне.  Организатори на настанот беа двата атлетски клуба од градот ,,Велес,, и ,,Изгрев,,. При ова беа собрани 25.200 денари а еден сограѓанин беше пуштил 50 евра.  

Овде сме  да му помогнеме на нашиот колега Зоран Димов, бидејќи тој е голем човек, спортист и на овој начин сакаме да му покажеме дека не е сам во битката што ја води за сопственото здравје - рече атлетичарот Трајче Михов, кој како и  Зоран работат како поштари во  ,,Македонски пошти,,.

  Тука беа  и останатите колеги од Поштата во Велес, кои иако не трчаа донираа за Димов.   Имаше и спортисти, сегашни и  некогашни, сите  со една цел, да му се помогне на Зоран Димов. Тој беше државен репрезентативец во маратонско и ултрамаратонско трчање кој во неговата 34-годишна кариера има истрчано 102 маратони и околу 50 ултрамаратони (дистанци подоги од 50 километри).

Во 2012 година е избран за најдобар спортист на градот. Зоран Димов, беше повреден  во сообраќајка, кога минуваше на пешачки премин.  Потребни се средства за негова операција откако состојбата со повредената нога му се влоши. 

На настанот присуствуваше неговата ќерка Стефани, која изрази благодарност во името на Зоран, за сите што дојдоа, трчаа и помогнаа за негово лечење. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »