речник контакт

Хуманитарно шкафче, оставаш хигиенски средства или храна, или земаш тоа што ти треба

Проектот е на младите волонтери од ОО на Црвен крст Велес

Петар Печков

Во рамките на програмата ЦКА - ПХВ (Црвен крст во акција промоција на хумани вредности) младинците поставија хуманитарно катче во близина на Жито маркетот, поранешен Тедико.  

Современите креативни начини на помагање се секогаш добредојдени. Нашиот нов проект, "Хуманитарно катче", е уште една ваква иницијатива, наменета да го засили чувството на еднаквост и да помогне на оние кои имаат најголема потреба. Во суштина, „Хуманитарното катче" е мало, отворено шкафче за сите видови на основни потреби - од храна и хигиена. Оваа шкафче е отворено за секој.Без разлика дали ви треба или сте во можност да дадете, тоа е тука за вас. Ве покануваме да се приклучите на оваа иновативна заедничка иницијатива, за да ја прошириме добрината и солидарноста во нашиот град“ – кажа Орце Николов, секратар на ОО на Црвен крст Велес.
.
Како функционира? Едноставно. Оставете нерасипливи прехранбени производи или хигиенски средства, или земете од тоа што е во него а што ви е потребно.

фото ФБ/ ОО на Црвен крст Велес

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »