речник контакт

Хуманоста затаи

Семејството Бошкови од Дворови без дом и без иднина

Петар Печков

 Семејството Бошкови, чија куќа настрада во пожарот од пред  две месеци,  и натаму се оставени сами на себе. Најавената помош не  стигнува  а  четиричленото семејство  не може да започне со изградбата на новиот дом.

Иако огнот ја пеплоса куќата на 10-ти февруари, еве можете да видите дека градежниот шут се уште стои. Локалана власт најави дека ќе го отстрани но  ништо од ветувањето. Не може да се почне да се работи без да се исчисти теренот - вели Ристе Бошков.

Додава дека од Советот и пензионерите на Велес стигнале 70 односно 30 илјади  денари и  помош од Црвениот крст.  Во огнот изгоре домот на Бошкови и се што имаа. Заедно  со столарската работилница,  во која како семеен бизнис  работеше Ристе и неговата сопруга. Сега се без егзистенција.

Поработувам нешто,ако некој побара но пожарот ми го уништи и материјалот и опремата за работа. Децата тешко се снаоѓаат во оваа ситуација. Имаат трауми, синот малку фалеше ноќта  да се запали  - додава Ристе. 

Така сега двајцата се без работа а децата ќерката матурант, синот прва година средна, тешко се снаоѓаат во новата ситуација, која им го промени животот. Почнуваат од нула.  Семејството живее под кирија, во куќарка близу изгорениот дом. Од Министерството за труд и социјала им бил понуден стан од 16 метри квадратни, но таму тие не заминале.

 Што попрво да ставиме на толкав простор. Претесен е за нас четворица. Само креветите да ги  поставиме,  се наполни станот. Тука сме и поблиску до куќата,  кога ќе  почнеме да ја градиме, да бидеме близу, не можеме  со сила на никого да му земеме  - објаснува Ристе.  

 Немало организиран хуманитарен или добротворен настан за семејството Бошкови, нема поголема  општествена акција,  да ја разбудат совеста кај сограѓаните. И обидот преку еден мобилен оператор да се добие број за донација, минал без успех.  

 број на жиро сметка за донации: 200002222838121 стопанска банка за Ристе Бошков 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »