речник контакт

ЦУК - иако сме во есен, бројни пожари на отворено во Македонија

Во октомври имало 614 пожари, наспроти 20 во јуни и 186 во јули

Петар Печков

Според информациите во Секторот за операции и координација (СОК) на Центарот за управување со кризи (ЦУК), како сега да е почеток на сезоната на пожари на отворено, иако сме во  годишното време   есен. Толку е голем бројот на пожари на отворено во земјава, наспроти почетокот на летото.

„Во  октомври имало 614, а во септември 597 пожари на отворено, што е за скоро   200 пожари повеќе од август кога имало 395 пожари и кога вообичаено е пикот на пожарите на отворено. Во јули оваа година имало 186 пожари на отворено, а во јуни само 20 за цел месец, согласно податоците од Секторот за аналитика во ЦУК. Споредено со бројките од октомври – тоа е помалку и од бројот на пожарите во еден ден, конкретно во последниот ден од месец октомври -31 октомври, кога имало 21 регистриран пожар на отворено - службено регистрирани пожари што претставувале предмет на интервенција на пожарникарските тимови и пилотите во државата, а и ангажман и на други институции и служби од Системот за управување со кризи (СУК) во државата“- соопшти Стојанче Ангелов директор на ЦУК.

Во последниот ден од месец октомври имало  21 пожар на отворено а  месец ноември е  започнат со 10 пожари на отворено и покрај тоа што температурите, барем ноќе се ниски, има поголема присутност на утринска роса и  има  локални врнежи дожд.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »