речник контакт

Царината поднесе кривична пријава против велешанец и неговата фирма, оти не платиле акциза од еден милион евра

Два увоза на тутун во лист од типот „Вирџинија“ реализирани од страна на правното лице од Велес во октомври 2019 година, увезениот тутун наместо да го доработи, го пуштил во промет без да се плати акциза

Петар Печков

Царинската управа до Основното јавно обвинителство во Велес поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во Велес и против одговорното лице  Б.А. во правното лице, поради основано сомневање дека е сторено кривично дело „Избегнување на плаќање акциза“.

Станува збор за увезен тутун пуштен во промет во акцизното подрачје без притоа да се плати акциза во вкупен износ од 64.613.703,00 денари (повеќе од еден милион евра).

Се работи за два увоза на тутун во лист од типот „Вирџинија“ реализирани од страна на правното лице од Велес во октомври 2019 година, по што увезениот тутун наместо да се доработи е пуштен во промет на незаконски начин без да се плати акциза - информираше Царината.

Во координација со Основното јавно обвинителство од Велес, инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа извршија претреси на повеќе локации во Скопје и Велес заради обезбедување докази во врска со случајот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »