речник контакт

Цел живот создаваа, се изгоре за половина час (фото)

Голема материјална штета кај семејствата Јанушеви и Бошкови, конфекцијата ТИФИ . Петти пожар за две години во Дворови

Петар Печков

 Десет противпожарни возила и педесет пожарникари десет часа го гаснеа пожарот во месноста Дворови во Велес. Изгореа две куќи  и една конфекција, една жена почина а шестмина се повредени.   Ова е билансот од огнената стихија која започнала да голта се пред себе во понеделникот ноќта, нешто по полноќ  во 12,30ч. Изгоре и конфекцијата ТИФИ сопственост на Кочо Рашевски. Семејството Јанушеви  успеело да спаси жива глава, се другото е пепел.

Ги спасив двете деца од горниот кат и баба ми од  долниот кат. Огнот избувна ненадејно, се обидовме да спасуваме жива глава. Влегов два пати во куќата и толку, за трет пат немаше шанса, толку бргу огнот зафана се. Изгоре се што создававме цел живот. Се е прав и пепел. Мачи се работи и вака за пола саат се да исчезне - вели Сашко Јанушев, кој живее на улица Ѓоре Органџиев 27.

Во нивната куќа биле неговиот татко и мајка, сите седуммина се спасиле. Во куќата лепенка до нивната, на Бошкови, има жртва, од пожарот почина Јелица ( 75 год). 

 Правевме  обиди да се извлече и  баба Елица,    која живееше на горниот кат од куќата, но за жал, скалите се срушија, па  спасувањето беше оневозможено и жената   почина. Од експлозија на боца со ЦО2, која беше во нивниот дом, се сруши куќата а повеќе од соседите кои беа  на тераса и помагаа, беа повредени завршија во болница - вели еден од комшиите.

Во велешката болница според портпаролот д-р Силвана Мишкова кај нив во текот на ноќта и утрово биле примени шест лица,  згрижени, укажана им била неопходната помош и подоцна се пуштени дома. Дел настрадале од експлозијата, дел од вдишувања чад.  Командирот на ППЕ од Велес со здобил со изгореници на лицето и рацете. Со скршеница се здобил  возачот на амбулантно возило, кој се лизнал на мразот, создаден од водата со која се гаснел пожарот, но поради ниските температури тој  ја отежнувал работата на сите присутни.  

 Пожарот го гаснеле возила на противпожарната единица од Велес и од Скопје, Штип, Свети Николе и Кавадарци.  Пожарникарите  беа на терен до пладне, до кога огнот уште тлееше на одредени места.   Поради тесните улички и тешко пристапниот терен, пожарникарите имаат сериозни проблеми да го локализираат огнот во овој дел на Велес. Ова е петти пожар за две години во месноста Дворови.  

Пред две годни изгоре и  Куќата на Габерови, заштитена од државата, која са наоѓа на десетина метри. Лани зимото изгоре исто куќа во Дворови на Калинови а пред еден месец покривите на куќите Стојанови и Илиеви, На местото на пожарот беше министерот за труд и социјала Диме Спасов и градоначалникот Славчо Чадиев, кој најавија итна  финансиска помош.   Републичкиот Црвен крст на сопствениците на куќите  им подели покуќнина и  облека.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »