речник контакт

Цената на младиот кромид годинава рекордно ниска, но нема интерес ниту за одгледување, ниту за откуп

Цена држи младиот лук а спанаќот се откупува за 10 денари кг

Петар Печков

Невообичаено мирно е во велешко Башино село за овој период од годината. Тоа важеше за најголем одгледувач на младиот кромид и младиот лук во земјава. Но деновиве среде село е празно, нема откуп, родот е мал а цената на откупот ниска. Цената на врзоп млад кромид е 150 денари, двојно пониска од лани.

“Како годинава не било. Се помалку се работи оваа рано-градинарска култура. Младите најдоа работа, попладне кога се вратат од работа сакаат да одморат. Ни остана на постарите. А тешко е да се работи младиот кромид и лук. Кој не верува нека проба. И мал род има и малку се засади“ - вели жител на селото кој ги подготвуваше количините за продажба.

Утешно е што ценaта на младиот лук е 300 денари врзот, колку што беше и претходните години.Овој период од годината е шпицот во откупот, пред Велигден.

За католичкиот дошол само еден шлепер за пазарот за Хрватска  и тој половина се наполнил и заминал и не се вратил повторно. За православен Велигден за откупот на младиот кромид  интересот е мал. Останува надежта дека нешто ќе се продаде за првомајскиот  викенд.  Од откупувачите во Башино село е  само скопјанецот Весели Мемедали. Тој 30 години го откупува, ги знае опроизводителите, но вели како годинава не помни.

„Катастрофа е. Доаѓав со камион и откупував 1,5 илјади снопови дневно. Сега идам со едно комбе и тоа не се полни. Скапо е ѓубрето, работата мачна, нафтата отиде високо а интерес за младиот кромид и лук нема“ - вели Мемедали.

Ако со децении Башино село го снабдуваше пазарот со млад кромид и лук, на цела поранешна Југославија, дојде време кога сега нема интерес да го снабди ниту Скопје. Башноселци велат дека во одгледувањето на оваа култура приматот го зел Росоман.  Сличен проблем имаат и со спанаќот, кој се откупува по 10 денари за килограм на големо но и тој стои по нивните. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »