речник контакт

Цените од денес „одмрзнат“ но со ограничена трговска маржа

Повисоки цени за лебот, маслото за јадење, некои млека

Петар Печков

Првиот ден откако центи на производите на основните продукти не се „замрзнати“ но се со ограничени трговски маржи, шаренило на цени во велешките маркети.  Лебот поскапе од 2 до пет денари воз зависност од производителот.   Маслото за јадење за 3 до пет денари. Млекото  на денар два.

Некаде ценети се уште се исти непроменети.Но евидентно беше дека во маркетите вработените беа со листови хартија и одеа од производ до прозивот каде ги допишуваа новите центи.

Брашното нема промени во цената, но го нема во секој маркет. слично е и со шеќерот.   Од мелничко-пекарската индустрија смируваат дека нема место за паника на граѓаните и за купување на резерви од брашно, бидејќи има доволно, а ако снема може да го набават од Србија.

„Цените се повисоки за некои производи, лебот, зејтинот за некој денар. Брашно нема, ама мислам дека причината е заради состојбата во Украина, не заради цената“ - вели велешанец кој денес пазареше во маркет.
Негова сограѓанка  со идентично мислење.

„Денар по денар парите се трошат, а пензијата ниска. Цените различни од продавница во продавница, некаде велат ќе ги покачат подоцна денес, други ги покачуваа во моментот“ вели таа.   

Од денеска па се до 31 мај ќе важи новата владина одлука наместо замрзанти цени на дел од основните прехрамбени производи, имаме ограничување на трговските маржи на големо и на мало, за 5 и 10 отсто.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »