речник контакт

Цесна се урна кај Солунска глава

Сите четворица патници, семејство Бошнакови бугарски државјани се мртви

Петар Печков

Малиот авион од типот Цесна П210Н кој попладнево беше изгубен од радарскиот систем се урнал кај Солунска Глава, каде и исчезнал од системот. Остатоците од авионот се пронајдени, како и телата на четирите патници – бугарски државјани, информираат од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Остатоците од авионот ги лоцирале хеликоптери и спасувачки екипи од МВР. Авионот сообраќал на релација Охрид – Софија. Авионот од типот Цесна П210Н кој беше изгубен од радарскиот систем е пронајден околу 19 ч. пет километри северозападно од Солунска глава.

Лоцирани се преку воздушен простор. Временските услови на локацијата се лоши, па и покрај сите обиди да се пристапи до локацијата, тоа засега е невозможно поради непристапен терен. Се прават обиди во најскоро можно време да се дојде и физички до авионот, рече Ангеловски. Остатоците од авионот се лоцирани на непристапен терен и голема височина.

Воздухопловот со германска регистрација и ознаки D-EUIB летал од Охрид за Софија, а попладнево во 16:16 часот беше изгубен од радарите западно од Солунска Глава. Во авионот се превезувало 4 члено семејство, татко, мајка и две деца, бугарски државјани. Бугарските медиуми пишуваат  дека  тоа се Георги Бошнаков ( 49 год), сопругата Калина (47 год) и две ќерки Билјана на 19 и  Гергана на 14 години.

Претходно, директорот и претседател на УО на М-НАВ, Николче Тасески информираше дека воздухопловот попладнево во 16:16 часот е изгубен од радарскиот систем на контролата за летање. Контактот бил изгубен западно од Солунска Глава. Два полициски хеликоптери беа во потрага на изгубената Цесна.

Во 16:16 часот изгубен е контакт со мал воздухоплов тип Цесна П210Н кој летал од Охрид за Софија. Поради лошите временски услови пилотот одлучил да слета во Скопје, а по кратко време побарал дозвола да продолжи за Софија, рече Тасески.

Тој додаде дека пред да го снема воздухопловот од радар пилотот пријавил дека има силни турбуленции. Пред да се изгуби сигналот, последен контакт со пилотот било: ’Јака турбуленција, јака турбуленција’“.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »