речник контакт

Црвениот крст делеше едукативен материјал за ученици за заштита од ковид-19

Наменет е за учениците во основните училишта во рурални средини

Петар Печков

Волонтерите на Општинскиот Црвен крст  Велес ги поделија едукативните постери за заштита од ковид-19. На истите сликовито е прикажано како правилно се става заштитна маска и како правилно треба да се мијат рацете во осум чекори.

Постерите се наменети за учениците во основните училишта во рурални средини. Како дел од активноста волонтерите на Црвен крст доставија постери во основните училишта во: Богомила, Извор, Согле, Чашка, Горно и Долно Јаболчиште, Горно Врановци, Сливник, Бузалково, Сујаклари, Мамутчево, Иванковци, Отовица, Раштани, Градско, Водоврати, Ногаевци.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »