речник контакт

Црвениот крст се заблагодари на волонтерите, на нивниот ден 5 декември

Благодарници за младите волонтери, но и за докторите и медицинските сестри. Докторите годинава обучија илјада ученици, 800 кандидати за возачи, повеќе од 100 вработени во детските градинки и работници од повеќе велешки компании како да пружат прва медицинска помош и да спасат нечиј живо

Петар Печков

Во знак на благодарност до сите волонтери од Општинската Организација на  Црвен крст Велес, се оддаде почит до сите истакнати волонтери кои несебично помагаа и работеа со цел да им се помогне на  кои им е најпотребна помош.

Благодарници се доделија на младите херои Клара Арсовска, Вероника Гијовска, Ива Зврцинова, Ванеса Христова и дисеминаторот Ружица Костовска кои менторираа при изработката на проектите во рамките на програмата Црвен крст во акција промоција на хумани вредност.
Оваа прилика пред присутните  преку кратки видеа се презентираше  што волонтерите од ОО ЦК Велес работеа во текот на 2022 година.

Покрај младите волонтери, ОО Црвен крст Велес, се  заблагодари и на докторите кои оваа година обучија илјада ученици, 800 кандидати за возачи, повеќе од 100 вработени во детските градинки и работници од повеќе велешки компании како да пружат прва медицинска помош и да спасат нечиј живот.

Благодарници добија д-р Кевица Шопова Клифова, д-р Василка Пановска, д-р Јадранка Мишкова, д-р Марија Давчева, д-р Филип Тодоровски, д-р Родна Јорданова, д-р Владо Хаџи Наумов, д-р Мартин Хаџи Наумов, д-р Атанас Георгиевски, д-р Горан Богатинов, Тања Јаковлевска, Сашка Димчевска и Биљана Карова.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »