речник контакт

Црква Св. Недела и Томина недела

Два пати во текот на годината црквата Св. Недела, близу Тополка, масовно е посетена од велешани. Таа е меѓу постарите во градот

Петар Печков

Како и другите мали храмови во околината , така и овој, гледан од надворешната страна ни малку не прилега на црква, туку како на некоја одбранбена тврдина  Инаку ни за овој храм како и за другите не постојат историски податоци. Веројатно е оваа црква да му припаѓала  на манастирот Св. Димитрија, во чија близина и се наоѓа. Инаку, што се однесува до нејзиното потекло, ако овој храм се спореди со другите од оваа област и нивните фрески по ѕидовите, може да се констатира оти храмот потекнува веројатно уште од X век, или нешто подоцна.

Оваа црква, за разлика останатите е  добро е запазена, така да голем дел од градското население ја посетува, главно на Цветници, Велики Петок и секоја недела во времето од Велигден до Спасовден. Црквата се наоѓа на десната страна од реката Тополка, при нејзиниот влив во Вар дар, северозападно од манастирот Св. Димитрија.

Поставена е на една нерамна карпеста височина, прилично стрмна над брегот од реката. Блиску е  до  „Калето" од Стариот Град, таа се наоѓа на неговиот северен крај, на кој веројатно во свое време му служела како храм. Изгледа како нов поради зачуваноста и надворешииот облик, така што по се личи оти потекнува од време на византискиот период.

И тој, е граден на ист начин и од таков материјал како и другите такви цркви во околината Св. Никола, Св. Јован.    Кон црквата води една прилично стрмна патека од северната страна . Тоа е шилеста карпа, висока околу стотина метри и надвисната на реката Тополка од нејзината лева страна при самиот нејзин влив  во Вардар, а од источната страна над  пругата Велес — Гевгелија.  

Велешани масовно ја посетуваат во првата недела по Велигден, Томина недела и на Св. Недела во јули.  Во близината има карпа,  која според народното верување се минува низ неа за здравје и исполнување на желбите      

Првата недела по Велигден се вика Томина недела и е посветена на Светиот апостол Тома.

Кога Исус им се јавил на апостолите Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот Тома не верувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам”.  Поради тоа апостолот Тома е наречен Неверен Тома. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Исус пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома:

„Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!” „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале,

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »