речник контакт

Црковниот хор од Велес, победи на натпревар во Грција

Велешкиот хор најдобар во категоријата на православна духовна музика, проф. Славица Ставрева прогласена за најдобар диригент

Петар Печков

Велешкиот црковен хор   ,,Св. Пантелејмон,, победи на хорскиoт фестивал ,,Антонио Вивалди,,  кој се одржа во соседна Грција во градот Карпенси.   Во категоријата на православна духовна музика, велешани под  диригентство на проф. Славица Ставрева   го освоија првото место. Тие пееја во конкуренција со  на хорови од Романија, Израел, Кипар и Грција а истовремено проф. Славица Ставрева беше прогласена за најдобар диригент на фестивалот.

Ова е наше прво излегување во странство и освоените награди за нас се голем успех. Работиме со голем ентузијазам,  љубов и дух во нас, за духовната  музика. Наградите многу  ни значат  - рече диригентот Ставрева. Тие за овој настап се подготвувале една година. Хорот  ,,Св. Пантелејмон,,   постои 12 години и редовно настапува на неделните литургии во велешките цркви.  Формиран е и работи под патрон на Повардарската Епархија на МПЦ -ОА.    

Годинешниов меѓународен  натпревар  на хорови, се одржа по  20 пат  интернационален. Овој фестивал, кој опфаќа повеќе категории на хорско пеење, 14 години има и  натпреварувачки карактер. Во хорот настапуваат 17  машки и женски вокали од Велес, а  меѓу нив се  и дипломираната   оперска  певица сопран  Орхидеја Дукова и оперскиот пеач, дипломиран во Софија тенор  Мики Секуловски. И двајцата во јавноста се познати како поп изведувачи. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »