речник контакт

Црковно-народна кујна во Велес

Мисионерско хуманитарната организација „Ѓаконија“ во Велес отвори црковна народна кујна

Петар Печков

Мисионерско хуманитарната организација „Ѓаконија“ во Велес отвори црковна народна кујна, во која најзагрозената категроија на граѓани и на сите кои им треба помош, ќе може пет дена во неделата да добиваат по еден бесплатен оброк во денот. 

\"\"
    
- И во најбогатите земји ќе најдете луѓе со испружена рака кои бараат помош, затоа да им ја подадеме бидејќи е убаво кога се подарува и тоа не прави уште посреќни. Таа ќе биде наменета за сите граѓани на кои им треба топол оброк, ќе биде мултикултурна. Немој да се срамувате да дојдете да се храните, тоа е човекова потреба. Црквата секогаш е со народот и должни сме да му помогнеме подадеме рака - изјави Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарската Епархија на МПЦ, која ќе ја обезбедува храната.
\"\"

Таа заедно со Македонскиот Центар за меѓународна соработка и Општина Велес ја изградија оваа Црковна - народна кујна. Истата ќе обезбедува топол оброк за 200 лица а во договор со Фондацијата „Фокус“ обезбедени се млади волонтери кои храната ќе ја доставуваат до дома на неподвижните, стари и изнемоштени лица. 

\"\"

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »