речник контакт

Црна недела, велешанец почина од струен удар, друг со нож ограби флиперница

И двата настани се случиле во близина на црквата Св.Спас

Петар Печков

Неделата наутро  околу 04,00 часот,  во флиперница лоцирана на ул.„Прохор Пчински“, А.С. (24) од Велес со закана со нож  извршил разбојништво над вработениот Т.Л. (21) од Велес, при што му одзел 200 евра и 4.000 денари. Имено, А.С. неколку часа играл на покер апарат и изгубил околу 4.000 денари, по што станал и со закана со нож му ги побарал на Т.Л. парите од прометот. 

Бидејќи  тој го одбил, А.С.  физички го нападнал  со удари тупаници  и откако  истиот паднал на земја,   му ја одзел ташничката која ја носел околу појасот, ги извадил парите и избегал. Велешката полиција  го пронајден  А.С. и по целосно расчистување   на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.


Во неделата напладне  околу 12,30 часот, во Велес на ул.„Јовче Тикваровски“ во дворот од семејната куќа, дошло до несреќен случај во кој од струен удар починал Роберт Н. (39 год),информираа од СВР Велес.

Имено, Роберт Н. кој  заедно со неговиот татко  и нивниот роднина   изведувале градежни работи,  при приклучување на продолжен електричен кабел  во мешалка за бетон (кој кабел  веќе бил под напон),  добил струен удар и починал на лице место. Смртта е констатирана од страна на доктор од Брза помош кои дошле да помогнат,но веќе било доцна.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »