речник контакт

Црниот петок во Велес- попусти има, потрошувачи нема

Далеку од еуфоријата во првата година, нема ниту интерес

Петар Печков

„Црн петок“  е последен петок во ноември, еден ден по американскиот Ден на благодарноста. Од пред некоја година се применува и во Македонија а со тоа и во Велес.

Ама далеку од еуфоријата  во првата година, сега е некако празно. Ниту според бројот на потрошувачи, ниту според попустите, не може да се спореди со оној во европските и светските градови, каде што потрошувачката еуфорија се чувствува цел ден.

Во градов во два големи маркети за бела техника Техно- маркет и СЕТЕХ,  најавени големи попусти, без конкретни бројки. Тоа не ги предизвика велешани утрово да побрзаат пред вратите и како на Запад да чекаат да се отворат и влезат , па да купат нешто од  стоката која се нуди.

Цените се нешто  пониски од вообичаено, далеку од моите очекувања. Згора на тоа, тенкиот  домашен буџет придонесоа да видам и излезам од маркетите. Не најдов, ниту купив нешто, што ни треба за по дома   - вели сограѓанин кој се престави како  Драган.

Терминот црн петок датира од 60-ите години на минатиот век  и го одбележува предбожиќното купување во Америка. Во Велес,  не можеше да се види, ниту да се почувствува некоја голема потрошувачка треска. Состојбата во овие два маркети за бела техника  како и останатите денови. 

Црниот петок    беше   повеќе симболично и на реклами, отколку практично. Ниту според бројот на потрошувачи, ниту според попустите, не може да се спореди со оној во европските и светските градови. Таму се намалуваат цени и на облека овде такво нешто не сретнав  – вели млад соговорник, кој се претстави како Младен. 

Black Friday или познат како почеток на божиќните и новогодишните намалувања. Најпознатиот празничен шопинг настан, Black Friday, е традиционална манифестација на која сите поголеми маркети, продавници и компании своите производи ги нудат со големи попусти, со што го покажуваат својот празничен дух. Тоа е најмасовно посетениот настан ширум светот, кога граѓаните во редици го чекаат отворањето на вратите од супермаркетите и трговските центри.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »