речник контакт

Цртаниот „Титина“ на репертоарот на 3Д киноверзум (видео)

Премиера и на авантуристичкиот „Игрите на Гладните: Балада за Песнопојки и Змии“

Петар Печков


Осум филмови на репертоарот на 3Д киноверзум, два од нив се премиера.  Првиот е авантуристичкиот   „Игрите на Гладните: Балада за Песнопојки и Змии“. Приквел на мега-успешната франшиза Hunger Games базирана на светскиот бестселер на писателката Сузан Колинс, во кој се прикажуваат десеттите „Игри на гладот“, сместени 64 години пред првиот филм.

Втората е премиера на анимираниот „Титина“ насинхрозниран нa македонски јазик . Титина е забавна и возбудлива приказна за речиси заборавеното патување и откритие: Oсвојувањето на Северниот пол во 1926 година со воздушна експедиција. Италијанскиот аеронаутички инженер Умберто Нобиле ужива во друштво на своето сакано куче Титина, кое го спасил од улиците на Рим. Еден ден, познатиот норвешки истражувач Роалд Амундсен го контактирал со намера да го освои Северниот пол со воздушен брод. Нобиле се стреми да ја искористи шансата и да направи историја. Тој ја носи Титина со себе каде што неверојатното трио тргнува во потрага по последното неоткриено место на Земјата. Нивната потрага е успешна, но после тоа двајцата мажи почнуваат да се борат за славата… Низ очите на четириногата Титина се открива вистинската приказна за триумфот и поразот.

Хоророт „Пет ноќи кај Фреди“е базиран на серијалот на видео игри.  Проблематичен чувар почнува со работа во пицеријата на Фреди Фазбеар. За време на првата ноќ, тој сфаќа дека ноќната смена нема да биде толку лесна да се преживее и открива што всушност се случило пред многу години  во пицеријата.

Акциониот авантуристички филм „Марвели“  е базиран на стрипови на Марвел, во кој се појавуваат ликовите Керол Денверс / Капетан Марвел, Моника Рамбо и Камала Кан / г-ѓа Марвел. Моќите на Керол Денверс се испреплетуваат со тие на Камала Кан и Моника Рамбо, што ќе ги натера да работат заедно за да го спасат универзумот.

Документарниот филм „3211“ е  за Раста, српски рапер . Приказната е кога го апсат и тој оди во затвор. Што самиот тој доживува во тој период.

Акционата анимирана  комедија „Тролови 3 “се прикажува во Велес. По два филма вистинско пријателство и немилосрдно флертување, Попи и Бранч, сега официјално и конечно се пар. Како што се зближуваат Попи открива дека Бранч има тајно минато. Кога братот на Бранч, Флојд е киднапиран поради неговите музики таленти, од страна на пар злобни негативци, поп ѕвездите Велвет и Венир, Бранч и Попи тргнуваат во емотивно патување за повторно да ги обединат другите браќа да го спасат Флојд од лошата судбина.

Компјутерски анимираниот трилер „Инспектор Сонце и клетва на црната вдовица“ е  сместен во светот на бубачките каде пајаците се полицајци, еден детектив се качува во воден авион кон Сан Франциско откако конечно го уапсил својот најголем непријател. На тој лет, се случува убиство кое ги вовлекува во заплет кој може да влијае и на светот на луѓето и на светот на бубачките. Инспекторот Мустаќ се качува во навидум нормален авион за да оди на одмор, но кога енигматичен милионер добива закана по неговиот живот, инспекторот повторно се враќа во акција. Заробен во мрежа од лаги, инспекторот Мустаќ мора да го најде виновникот пред да биде предоцна.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »