речник контакт

Цртачот на стрип јунакот Загор, гостин во Велес

На 10-тиот Меѓународен стрип салон обезбеден е специјален гостин тоа е Мауро Лоренти,реномиран автор од издавачката куќа Бонели. Тој го црта легендарниот стрип јунак Загор.

Петар Печков

Со доделувањето на наградите од меѓународниот стрип конкурс   вечерва во Велес во 19 часот во Ликовниот салон започнува 10-тиот Меѓународен стрип салон. Тој ќе трае до   недела,  кога на публиката  ќе им биде достапна стрип уметноста  преку изложби, работилници, предавања, размена на стрипови и е во организација на Стрип центарот на Македонија. Оваа година  за јубилејот обезбеден е  специјален гостин за македонските стрип автори и публика, тоа е  Мауро Лоренти,реномиран  автор од издавачката куќа  Бонели. Гостинот е  познат како  автори којшто го црта легендарниот  стрип јунак Загор.

Годинава донесовме автор Лоренти  чиј јунак  Загор има милионски тиражи и се чита на сите континенти а со него израснале многу генерации. Преку овој салон  македонска стрип  сцена и публика  се   запозна со познати автори од други земји, организатори на фестивали. На овие, како и други фестивали македонските стрип автори добиваат награди. Неколкумина македонски автори веќе на големо работат со сценаристи од други земји, нивните дела се објавуваат по разни стрип списанија, учествуваат на многу фестивали. На нашиот стрип салон  значително се зголемува  учеството и на помалку афирмирани творци од Македонија со што создаваме база за стрипот во земјава – вели Ване Трајков претседател на Стрип Центарот на Македонија, организатор на стрип салонот.  

Вечерва  ќе бидат врачени и наградите на добитниците од меѓународниот стрип конкурс на кој учествуваа рекордни 138 стрипови на 53 автори од 26 земји. Златниот стрип го освои Стеван Субиќ  за стрипот ,,Трагови,, пред Марко Стојановиќ и Марко Врандешиќ за стрипот ,,Наемник,, а трет беше Милорад Вицановиќ и Марко Стојановиќ за делото ,,Кула,,. Сите тие  се од Србија.  За уметнички израз награда добија двете авторки Полјачките   Јоана Санецка (текст) и Силвија Рестецка(цртеж)  за стрипот „Шума“.

На манифестацијата се доделува и Признанието за развој и афирмација на македонскиот стрип а оваа година добитници  се  Киро Донев - долгогодишен уредник на списанието „Наш Свет,, во период кога тоа има објавено најголем број на страници на стрип во изданијата за деца и млади во Македонија и  Редакцијата на  „Детска радост“ која од 1960 г успешно го промовира стрипот преку неговите  сегашни и поранешни изданија: Наш Свет, Развигорче, Другарче. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »