речник контакт

Чадиев - зошто не се монтира мостот кај Башни село, кој е завршен

Пешачкиот мост кој треба да ги спојува Црквата Свети Никола и гробиштата во Башино село е готов но не е монтиран

Петар Печков

Пешачкиот мост кој треба да ги спојува Црквата Свети Никола и гробиштата во ова населено место, како што сите можете да видите е готов. Тоа што го ВЕТИВМЕ го РЕАЛИЗИРАВМЕ.
-    Целосната должина на мостот е 43,06 метри
-    Со пристапните патеки од двете страни должината на објектот ќе има 60 метри
-    Мостот е широк 3 метри
-    Делот кој е наменет за пешаците изнесува 2,6 метри

Со изградбата на пешачкиот надпатник ќе исправиме една голема неправда која им е нанесена на локалните жители во периодот кога се градел автопатот Е-75 од Скопје за Велес во почетокот на 60-тите години од минатиот век, со кој значително им е отежната комуникацијата од црквата до гробиштата. Сегашното решение е со многу заобиколувања и движење по лош пат за да се стигне до гробните места.
Вкупната инвестиција изнесува 5,7 милиони денари.

СДСМ и МВР прават се за да на се монтира овој мост.
Согласноста за поставување никако да пристигне.
Сакам пред жителите на Башино село јавно да кажам:
Господа овој мост не е на Чадиев. Овој мост не е на ВМРО ДПМНЕ.

Овој мост е за жителите на Башино село.
Тие треба да го користат со години. Мостот ќе им ги намали маките кои ги иимаат секогаш кога сакаат да одат на гробните места. Мостот се изгради по нивно барање, по барање на месната заедница.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »