речник контакт

Чадиев ветив 117 проекти реализирав 370 (фото)

ВМРО-ДПМНЕ на партиска конвенција, одржана во салата ,,Бели мугри,, ги престави нивниот кандидат за градоначалник Славчо Чадиев и кандидатската листа од 23 советници

Петар Печков

ВМРО-ДПМНЕ на партиска конвенција, одржана во салата ,,Бели мугри,, ги престави  нивниот кандидат  за градоначалник Славчо Чадиев и  кандидатската листа од 23 советници.  

Водителот на настанот  актерот Ордан Витанов присутните ги именуваше со ,,браќа и  сестри,,. Прв на говорницата беше актуелниот пратеник од Велес, од редовите на оваа партија Илија Димовски.  Тој на присутните им порача дека иако на парламентарните избори победиле, тоа не било верификувано. 

За жал изборната победа која ја остваривме  во нашиот град пред половина година, но  и  низ цела Македонија, на зелена маса  беше украдена.    Таа не` беше украдена од ВМРО-ДПМНЕ туку од  граѓаните.  За овие 4-5 месеци доколку го гледавме тоа што ни го ветуваа, ќе речевме добро е демократија е,  да се променат ликовите,  да се промени динамиката и ритамот на работа. Ветуваа живот за сите, просечна плата.  Напротив во нашата држава гледаме морално, политичко, економско и национално  разградување. Гледаме отстапки кои значат нарушување на граѓанскиот и унитарен карактер на Република Македонија преку Закон за двојазичност.    Да биде прашана стручната јавност дали има потреба во Берово, Велес, Пехчево воведување на албански јазик. Да не се прави преку стратегија од 19 век, преку мегаломанство, страв кај граѓаните. Нашата задача е да го зачуваме јазикот, идентитетот, и нашето име – порача Димовски.

Потоа беше преставена листата на кандидати за советници на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ  која ја сочинуваат: 1. Александар  Колев. 2. Лилија Чолакова Дервишова 3.Петре Саздов 4. Флорентина Ристовска Шурбевска 5. Ангел Димов  6. Александар Табаков  7. Драган Димески  8. Нада Трајкова 9.Бесим Ахмедов 10. Каролина попова 11. Славче Радевски 12.Рајна Стојанова 13. Валентина Дукова 14. Живе Катранџиев 15. Умер Калач 16. Александар Атанасовска 17. Селма Амедоска 18. Игор Здравковски   19. Даниел Јаневски 20. Весна Јакимовска 21.Катерина Стојкова 22. Даниела Митровска 23. Оливер Намичев

За мене да ја предводам лисата на ВМРО-ДПМНЕ во општина Велес  е огромна чест, гордост, благодарност, што членството ми ја  даде поддршката да  ги претставувам и тоа е огромна гордост, огромна благодарност и  огромна обврска која ветувам дека нема  да ја изневерам.  Колегите зад мене се професионалци, но и посветен и надвор од работното место.      Поголемиот дел  од нив се општествено активни, надминувајќи ги своите секојдневните обврски.   Секогаш работа, секогаш за Македонија.  Денес се поставува истото прашање како  и   пред 8 и 4 години, дали  ќе   дадеме поддршка на   политиките на СДС кои предизвикаа најголем економски пропаст на градот или ќе продолжиме напред кон економски развиен Велес со нови работни места со поддршка на лисата на советници на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник Славчо Чадиев.  На овие локални избори избираме во каква Македонија сакаме да живееме, достоинствен партнер со соседите или обезличена и деградирана – рече кандидатот за советник и носител на листата  Алаксандар Колев.

За крајот  на партиската конвенција зборуваше кандидатот Славчо Чадиев, кој е и актуелен градоначалник.  Тој говореше што направил како и што ќе сработи ако го добие вториот мандат.  

Во ова изборна кампања влегувам со еден мандат зад себе. Мандат во кој имаше многу предизвици, барања, желби, но пред се мандат исполнет со работа и посветеност, мандат по кој можам да кажам дека сме многу поискусни и помудри. Уште на почетокот сакам да кажам дека влегувам во трката за прв човек на Велес без валкани раце и со чист образ. Нека не Ве залажува тоа што одредени политички центри сакаат да го прикажат спротивното. Кога пред четири и пол години ја побарав довербата од велешани, ветив 117 проекти кои значат подобар живот за граѓаните. Денеска стојам пред Вас и гордо кажувам дека со мојот тим заеднички реализиравме  над 370 проекти.Ја изградивме Индустриската зона „Караслари“ каде се отвори фабриката „Маркарт“, изградивме 2 кружни текови, изработивме 120 проекти од областа на инфраструктурата, вложивме многу во образованието, спортот, културата, а секако во изминатиот мандат се отвори новиот театар и се опремија велешките болници.  Затоа, сега, по 4 години, после толку проекти кои се видливи за сите, без колебање велиме дајте ни уште еден мандат, со кој Велес ќе го направиме најубавиот град во Република Македонија, место по мерка на младите и град со широки перспективи. Потребно е да дишеме како еден без разлика дали сме од Долни Куќани, Којник, Камено Брдо, Тунелот, Ќерамидна, Нова населба, Дворови или Прцорек и останатите населби и маала од градот. Без разлика дали сме од Иванковци, Караслари, Бузалково, Башино Село ли од некое друго населено место во Општината, сето тоа  е Велес. Ние сме едно.  За сите вас вратата на Градоначалникот во изминативе 4 години беше отворена, така ќе биде и понатаму. Привилегијата да одлучувате за одредени делови од градот и понатаму ќе ви припаѓа Вас. Затоа со целиот свој капацитет ќе се вложам тоа и да го добијат. Нашата визија за развој на Велес во првиот мандат ја реализиравме, но нашата мисија се уште не е исполнета. Ние сакаме да го направиме Велес град на задоволни граѓани, град каде во преден план ќе бидат вредностите како чесноста, искреноста, отчетноста и секако демократијата.  Сето ова може да се постигне само со работа. Тоа е моето ветување кое вечерва ќе го дадам пред сите вас. Ветувам работа,  работа која носи  подобро. Ќе изработиме студија за изградба на гасоводна мрежа на град Велес, на паркинг просторот до Автобуската станица ќе изградиме катна гаража, ќе изградиме пешачки мост со кој ќе ја споиме населбата Речани со центарот на градот, ќе започнеме и постапка за одвојување на атмосферската канализација од фекалната со изградба на пречистителна станица за отпадни води за град Велес. Транспаретноста и отчетноста досега беа нашите главни карактеристики, а така ќе продолжиме и во иднина. Дадениот збор и чистиот образ за нас имаат најголема вредност. Пред тоа не правиме ни милиметар отстапка. Се што градиме и создаваме е со цел да го направиме Велес по мерка на велешани. Да овозможиме во него да растат и работат граѓани кои што својата иднина и иднината на своите деца ќе ја градат тука - рече во промотивниот говор кандидатот за градоначалник  Славчо Чадиев.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »