речник контакт

Чадиев и Колев велат не сме виновни, Општина се согласува обвинетите кривично да се гонат

Започна судскиот просец во кој се обвинети поранешниот градоначалник Чадиев и поранешниот претседавач Колев

Петар Печков

И поранешниот градоначалник на Велес Славчо Чадиев и поранешниот претседавач  Александар Колев не чувствуваат вина, по обвинението дека ја злоупотребиле службената положба и овластување. Во Основен суд Велес на прашањето од судијата Шефшет Адеми, дали се чувствуваат виновни, и двајцата кратко одговорија ,,не,,.

Така по три одлагања започна овој судски процес.  Спротивно на нив, претставникот на Општина Велес, секретарот Елизабета Јовчевска, прашана дали се согласуваат обвинетите кривично да се гонат, одговори потврдно ,,да,,.

Потоа беа сослушани како сведоци вработени во Општина Велес, сите тројца на околностите како се користеле службените возила, кој давал наредна за нивно користење, каде биле клучевите, кој дозволувал возилата да се користат и каква била евиденцијата за користењето.  

Чадиев  како службено лице – градоначалник е обвинет дека  постапувал  спротивно на одредбите од Правилникот за користење и одржување на службените моторни возила и на Наредбата за користење и одржување на службените моторни возила и со усно одобрение допуштил тогашниот претседател на Советот во периодот од 23.02.2014 година до 09.08.2016 година, во повеќе наврати, да користи две службени моторни возила за лични приватни потреби, без реверс за нивно користење и без притоа да достави пополнет евидентен лист за патувањето.

Колев пак  како претседател на општинскиот Совет,е обвинет дека  без поднесено писмено барање, возилата ги управувал самостојно и со искористување на својата службена положба и овластување за себе прибавил имотна корист од поголема вредност. Тој во повеќе наврати вршел и набавка на гориво за двете возила во количина од 2.880 литри и во вредност од 170.598,00 денари, за кои била извршена исплата од сметката на оштетената општина Велес по доставени фактури изготвени врз основа на испратници своерачно 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »