речник контакт

Чадиев кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Велес

Ќе учествува сам или ќе има противкандидат ќе се знае по полноќ. ДУИ први поднесоа листа за советници до ОИК Велес

Петар Печков

На помалку од половина ден, пред истекот на рокот за кандидирање на градоначалници  ВМРО-ДПМНЕ  утврди имиња на кандидатите за градоначалници од редовите на  ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори за Велес и соседнтие општини.

Извршниот комите на ВМРО-ДПМНЕ му предложил на Централниот Комитет а тој ги утврдил имињата на следните кандидати за градоначалници од редовите на оваа партија за претстојнтеи локлани избори.

За Велеc тоа е Славчо Чадиев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за Велес а  за две соседни општини  се :за Градско – Жанета Чаушевска, лекар, претседател на Советот на Општина Градско и за  Лозово – Орце Цветковски, досегашен градоначалник на Општина Лозово. 

И натаму не  е познато дели Чадиев ќе има противкандидат, оти веќе промовираниот Коцевски на СДСМ поради најавениот бојкот, опозицијата тврди нема да учествува на локалните избори. Рокот за поднесување на  кандидати за градоначалник и листи за советници е до вечерва на полноќ. Сефте во ОИК Велес направија ДУИ. Тие први ја доставија листата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »