речник контакт

Чекалната затворена, патниците на -12

По пола саат и повеќе се чека на отворено додека дојде возот, на Железничка во Велес

Петар Печков

И додека го чекаат возот, кој на овој снег  доцни, велешани кои ги користат услугите на  Македонски  Железници нема каде да се сместат на топло. Чекалната се`  уште не е во  употреба  и тие ѕемнат  на – 12.  

Ај што доцнат возовите  и да разбереме. Ама да нема каде да се чека возот е тоа е страшно.  И на -15. Има деца, постари луѓе. Ова е срамота. Со автобус не се оди,  со воз   тешко и како да стигнеме таму каде  сакаме. Бараме да ни дадат место каде  да го чекаме возот, сите креваат раменици - велат патниците од Железничка станица Велес.  

Тие за илустрација испратија неколку фотографии како мрзнат на отворено, додека стигне вечерниот воз од Гевгелија.  

Иако зградата  подолго  време е  реновирана, таа  не е во функција. Па патниците  кои чекаат воз мораат да стојат надвор, чекалната не е во функција.   Возовите овие денови доцната од 30 минути па повеќе.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »