речник контакт

Чернобил 26 години потоа

Чернобилската нуклеарна катастрофа, заедно со таа од Фукушима лани и цунамито од 2004-та се најтешките соверемени несреќи

Петар Печков

Во Украина денеска се одбележува 26 годишнината од несреќата во нуклеарната централа во Чернобил. Експлозијата во еден реактор на централата беше причина за ширење на радијација во делови на Украина и Белорусија, Русија но и низ Европа.

Станува збор за најголемата нуклеарна катастрофа во која загинаа неколку десетици луѓе, додека вистинските последици по здравјето на луѓето се уште не се познати. Последниот од реакторите во Чернобил беше изгаснат во 2000 година. Денеска е 26-тата годишнина од нуклеарната катастрофа во Чернобил. По тој повод започнува изградбата на нова заштитна обвивка врз уништениот реактор на северот од Украина.

Во катастрофата пред 26 години беа ослободени повеќе тони радиоактивен материјал, а причината што ја предизвика е погрешно спроведениот експеримент и градежните дефекти при изградбата. Бројот на починати, како резултат на катастрофата во Чернобил, се  уште е предмет на дебати. Меѓународната агенција за атомска енергија и Светската здравствена организација излегуваат со бројка на 4.000 смртни случаи поради рак меѓу работниците, како резултат на изложеноста на радијација.

Организациите за заштита на животната средина, како Гринпис, сметаат дека бројките се минимизирани и оти реалните се десет пати поголеми. Нуклеарната катастрофа во Чернобил означена е со седми-највисок степен на опасност, кој досега официјално е поврзан само со хаваријата во јапонската “Фукушима 1“, која на 11-ти март, минатата година, беше погодена од силен земјотрес и 14 метри висок разузрнувачки цунами бран.

Најголем број од светските експерти за атомска енергија тврдат дека радијацијата во “Фукушима 1“, сепак, е десет пати помала од Чернобил. Експлозијата во јапонската нуклеарка доведе до истекување на радиоактивни материи, па властите мораа да евакуираат 300.000 лица во област од околината на два нуклеарни реактори.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »