речник контакт

Честит 8-ми март, Денот на жената

Драги дами, овој ден е Ваш! Нека Ви биде посебно убав. Затоа што сите Вие сте посебни ..

Петар Печков

Песна за жената

Жената е… жената е …

Бело маче годиначе,

речна слатка тресопатка,

вита ива миризлива,

мека трева што подгрева,

боцкав венец крај кладенец,

мрава, сешто што преправа,

кревко птице назимниче,

тивка соба во злодоба,

прва љуба до прељуба,

свила што се распостила,

лето в сенка засолнето,

глина полна сончевина,

утро в сина виделина…

Гане Тодоровски

8-ми март се слави врз основа на одлуката на Втората меѓународна конференција на жените социјалистки, одржана во Копенхаген,  Данска, во август 1910 година.

8 Март се слави секоја година како меѓународен Ден на жената.. На оваа конференција по иницијатива на Клара Цеткин, беше решено 8 Март да се одбележува во спомен на демонстрациите на американските жени во 1903 година, кои се одржаа под паролата - Борба за општо право на глас.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »