речник контакт

Честит Рамазан Бајрам!

Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Светиот месец Рамазан е месец на добрина, милост, љубов и простување.

Петар Печков

Поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи им го честиташе на муслиманските верници празникот Рамазан Бајрам, повикувајќи на сомилост кон сиромашните, блискост и единство. 

 Со се срце да му се заблагодариме на нашиот Господар, кој уште еднаш ни овозможи да се доживеат убавините, чудата и сите добрини на благословениот месец на Рамазан. Денес, со езанот на акшам намаз го завршуваме постот. Денес на лицата на сите верници, секаде во светот природно ќе експлодира радост, бидејќи го имаме Фитр Бајрам. Драги верници, по намазот на Фитр Бајрам, сите ние по нашите домови, да искажаме радости кон членовите на семејството кон најблиските и најсаканите. Споделете ја вашата богата трпеза со оние кои немаат, со вашите соседи, и изразите милост, блискост и единство. Браќа и сестри, Го молам Семоќниот Алах да ги прими нашите добри дела и нашите молитви направени во текот на месец Рамазан, вели во пораката реисот на ИВЗ Реџепи.

 

Муслиманите во Република Македонија, како и во целиот свет денес по едномесечниот пост, го слават Рамазан Бајрам. Рамазан е деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот. Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник го слават три дена.

Рамазан е најсветиот месец во исламот во кој е објавен Куранот во 610 година. Празникот Рамазан Бајрам се слави по завршувањето на светиот месец. За цело време на светиот месец се држи строг пост. Бајрам е празник кој го слави духовното и телесното прочистување.

Рамазанските пости претставуваат една од основните обврски на муслиманските верници. Прославата за рамазанскиот - Бајрам трае три дена. На првиот ден се извршува утринска молитва - Бајрам Намаз, а во состав на прославата се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите.

Светиот месец Рамазан (тур. Ramazan од арап. رمضان, Рамадан) е муслимански празник кој трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар.

Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвараат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови - милост, бериќет и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии - духовна, морална, солидарна и здравствена.

Еден од најбитните настани во текот на овој месец е постењето (савма).

Секој ден во текот на месецот Рамазан, Муслиманите низ светот стануваат пред изгревот на сонцето да јадат Сухоор, оброк пред зората, и обавуваат фаџар (fajr) молитва. Сите мора да имаат завршено со јадење и пиење пред да започне повикот за молитва (езан) па се до четвртата молитва од денот, магриб (залез). Муслиманите може да продолжат да јадат и пијат по залезот на сонцето, па се до следниот фаџар (повик за молитва).

 

Во исламската религија Рамазан е светиот месец кој е деветти во лунарната година и секоја година се поместува за 10 дена наназад.  Самиот празник е строга должност – фарз на секој муслиман. Рамазан е најсветиот месец во исламот во кој е објавен Куранот во 610 година. Празникот Рамазан Бајрам се слави по завршувањето на светиот месец. За цело време на светиот месец се држи строг пост. Бајрам е празник кој го слави духовното и телесното прочистување.  

Самиот ден кога се слави Бајрам започнува со Рамазан-Бајрамска молитва, потоа се оди на гробишта да се посетат гробовите на предците и блиските. Потоа се честита празникот прво на најстарите (им се целива рака), а потоа на останатите. Помладите секогаш одат кај постарите. За славењето на денот се приготвуваат и служат традиционалните бајрамски јадења (бајрамско месо, аландити и баклава). Празникот се слави 3 дена и за цело време се оди на честитање.

Светиот месец Рамазан е  муслимански празник кој трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар. Се верува дека во текот на тој месец светата книга – Куранот му бил откриен на Архангелот Гаврил, кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед. Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела.

Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болни.

Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување.  Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвораат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат.

Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови - милост, бериќет и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии - духовна, морална, солидарна и здравствена.

По триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен Рамазански бајрам кој се смета за голем празник во исламот. Почетокот на Рамазан секоја година се поместува за 10 дена наназад, односно во престапните години за 11 дена, во однос на претходната година, поради разликата помеѓу исламскиот и грегоријанскиот календар.

Почетокoт на Рамазан секоја година се поместува за 10 дена наназад, односно во престапните години  како следната  за 11 дена, во однос на претходната година, поради разликата помеѓу исламскиот и грегоријанскиот календар. Догодина тој ќе се слави на 6-ти јули.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »