речник контакт

Честитка од градоначалникот Петров до велешанки за 8-ми март и материјална помош за десет жени

Средствата од Буџетот наменети за обележување на 8-ми Март ги распредели на 10 жени на кои средствата во овој момент им се најпотребни – самохрани мајки, многудетни мајки, стари жени и жртви на семејно насилство.

Петар Печков

Градоначалникот на Општина Велес Горан Петров на сите припаднички на женскиот пол им го честита Меѓународниот ден на жената 8-ми Март со порака да останат доследни во својата упорност за рамноправно, балансирано учество во јавниот, општествениот и економскиот живот.

И оваа година Градоначалникот Петров средствата од Буџетот на Општина Велес наменети за обележување на 8-ми Март ги распредели на 10 жени од општината на кои средствата во овој момент им се најпотребни – самохрани мајки, многудетни мајки, стари жени и жртви на семејно насилство.

Селекцијата е извршена во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Велес, а помошта е во висина од 2.000 денари за секоја жена.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »