речник контакт

Четворица пациенти починаа утрово на Инфективно одделение

Досега од велешко од последиците на корона вирусот починаа 54 лица

Петар Печков

Од Општа Болница Велес соопштија дека утрово четири лица, пациенти кои биле на лекување  а позитивни на ковид-19, починале од последиците.  

„Утринава починати четворица пациенти три жени на 81, 85 и 76 годишна возраст и еден маж на 59 години сите потврдено позитивни“  пишува во информацијата од велешката Болница. Вчера попладне на Инфективно одделение починал, набргу по приемот, маж на 63 годишна возраст, позитивен на ковид-19. Претходно попладнето починал и маж на 79 години, негативен на ковид-19.  

Со ова бројката на починати лица од велешко, позитивни од ковид-19 се искачи на 54

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »