речник контакт

Четворица Македонски изведувачи наградени на Сунчане Скале

Елена Ристеска, Дарко Димитров, Каролина Гочева и Тоше Проески се четворицата наши изведувачи кои се закитија со статуетки на првата вечер од Интернационалниот фестивал \"Сунчане скале\", што се одржува на Канли кула во Херцег Нови.

lj lkjl

Елена Ристеска, Дарко Димитров, Каролина Гочева и Тоше Проески се четворицата домашни изведувачи кои се закитија со статуетки на првата вечер од Интернационалниот фестивал \"Сунчане скале\", што се одржува на Канли кула во Херцег Нови. Во рамките на Принчевите награди или првата фестивалска вечер, каде најдобрите од поранешните ју-републики се избираа во 17 категории, Елена Ристеска ја понесе стауетката за дебитант на годината и зад себе ги остави Александра Бучевац и Саша Ковачевиќ. Вториот претставник од матичната куќа на Елена М2, Дарко Димитров, пак, во конкуренција со Жељко Јоксимовиќ и Александра Ковач беше прогласен за најдобар аранжер и тоа за песната \"Ниси мој\" што ја исполнува Александра Радовиќ. Тоше Проески, кој поради патувањето на Јамајка не присуствуваше на фестивалот, заедно со Тони Цетински за дуетската \"Лагала нас мала\" освоија награда за најдобар дует. Меѓу претендентите за оваа награда се најдоа уште Фанки Џи и Џус и Бајага и Беби Дол. Последната наградена на листата македонски изведувачи е Каролина, чиј спот \"Лажем себе\" меѓу номинираните \"Штикла\" на Северина и \"Нисам љубоморан\" на Владо Георгиев, е прогласен за најуспешен. И тоа не е се, зашто Каролина можноста ја искористи да ја промовира дуетската \"Бјела песма\" што ја пее со Аки Рахимовски, додека Елена ја отпеа македонската верзија на евровизиската \"Нинанајна\". Што се однесува до другите наградени, меѓу нив се најдоа и легендата Здравко Чолиќ, Хари Варешановиќ, Василиса, Горан Каран, Ивана Јордан, Мињо Периќ, Ивана Банфиќ... На последната фестивалска, наедно и натпреварувачка вечер или \"Пјесма љета\" што ќе се случи вечерва, публиката ќе има можност да види уште петмина домашни изведувачи. Во конкуренција се Калиопи, која ќе ја отпее нумерата \"Силна\", Елена Ристеска со \"Не могу\", Маја Гроздановска - Панчева со \"Њу је лакше мрзети\", дуетската на Мартин Вучиќ и Горан Каран \"Тише куцај срце моје\", како и \"Море лаги\" на Маја Оџаклиевска.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »