речник контакт

Четврта максимална победа за ветераните на ОК Борец за врвот на табелата

ОК БОРЕЦ - ОК 11 ОКТОМВРИ 2:0

Петар Печков

Нова убедлива победа за одбојкарите ветерани на ОК Борец во петтото коло на одбојкарската лига на ветерани, која се игра во лига системот на Одбојкарската федерација на Македонија.

Велешани на турнирот кој се одигра во Струмица победија со 2:0  (11; 9) над ОК 11 Октомври. Разиграни велешани преку техничарот Златко Жабев и „пеналите“ на Тоше Стојанов стигнаа до победа и го нанесоа првот пораз на противникот од Прилеп. Во двата останатите натпревари  ОК Струмица – ОК Скопје 0:2  и ОК Тетово – ОК Гевгелија 2:0. Слободна беше екипата на ОК Шкендија. 

Токму поради тоа сега велешани се сами на врвот со 4 победи и без загубен сет а втора е екипата на ОК Шкендија со натпревар помалку.

Следното коло се игра следниот викенд во Скопје а велешките одбојкарски ветерани играат со ОК Струмица  која е последна без бод. 

                             Т  А  Б  Е  Л  А
1.    ОК БОРЕЦ                4  4  0    8:0         12
2.    ШКЕНДИЈА              3  3  0    6:0            9 
3.    ОК 11 ОКТОМВРИ    3  2  1    4:3            6
4.    ОК ТЕТОВО              4  2  2    4:5           6
5.    ОК СКОПЈЕ              3  1  3    3:4           3
6.    ОК ГЕВГЕЛИЈА         3  0  3    1:6           1
7.    ОК СТРУМИЦА          3  0  3    0:6           0

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »