речник контакт

Четврти ден по ред во велешко има повеќе оздравени отколку ново заразени и повторно почината сограѓанка позитивна на ковид-19

Висока е бројката на ново заразени 47, но далеку повисока е на оздравени 67. Во Болница се згрижени 104 пациенти

Петар Печков

Четврти  ден по ред во велешко има повеќе оздравени отколку ново заразени, покажуваат бројките на Министерството за здравство. Изминатите 24 часа има 67 пациенти оздравено  од ковид-19  и регистрирано 47  нови случаи. Или бројката на активни случаи во велешко е 775 а досега се заразиле  5.057 лица.

„ Починатa е жена на 56 години од Велес, позитивна, лекувана во ковид центарот на физикално одделение. Испишани се четири пациенти како оздравени со по еден  негативен тест. Денес еден пациент на 70 годишна возраст  е префрлен  во ГОБ 8-ми Септември во Скопје. На кислородна поддршка се 43 пациенти“ - кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес. Досега во велешко починале 152 лица, од последиците на корона вирусот.

Вкупно се хоспитализирани во велешка Болница 104 пациенти,  од кои 86 се потврдени позитивни, четворица се  сомнителни  и 14 пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение се  50,  на Интерно и на Физикално по единаесет  и во Модуларна болница 32 пациенти.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »