речник контакт

Четврти ден по ред во велешко нема нови случаи на позитивни на ковид-19, еден починат

Во велешка Болница хоспитализирани се 24 пациенти

Петар Печков

Четврти  ден по ред во велешко нема нови случаи на позитивни со ковид-19, но има еден починат. Оздравени се четворица пациенти. ова е податоците на Министерството за здравство за изминатите 24 час.

Починат е велешанец на 70 годишна возраст во болнички услови, кој се лекувал на некоја од клиниките во Скопје. Лицето било позитивно на корона вирусот. Тој е 172 жртва од велешко, на последиците на заразата.
 
„На кислородна поддршка се 12 пациенти. Испишани се шест  пациенти како оздравен со по еден  негативен тест“ - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

Во велешка Болница хоспитализирани се 24 пациенти,  од кои  15 се потврдени позитивни и девет  пациенти се  со негативен тест но задржани на болничко лекување.

 На Инфективно  одделение се  девет пациенти, на Интерно три и во Модуларна болница 13.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »