речник контакт

Четврти пат за два месеци се чистеше Дервенскиот поток

3алудни апелите и предупредувањата до ЈКП Дервен да се почитува комуналниот ред, кога за некои наши сограѓани тоа не важи. Но само во овој дел на градот

Петар Печков

Два дена, вчера и денес, четврток се чистеше Дервенскиот поток. Ова беше вонредно чистење, откако во каналот се собрале поголеми количини отпад.  Тоа е четврт обид за два месеци да се чисти Потокот.  За оваа активност била  ангажирана и градежна машина за собирање на сметот.

„Апелираме граѓаните да не го фрлаат сметот од домаќинствата во потокот, затоа што и покрај нашите напори да се одржи чистотата во овој дел од градот, лошите навики на несовесните жители допринесуваат за постојаната грда слика кај Потокот“- велат од ЈКП Дервен.

Според годишната програма за одржување на хигиена на јавните површини, Дервенскиот поток е предвидено да се чисти четири пати годинашно.

Очигледно е дека се залудни  нивните апели и предупредувања да се почитува комуналниот ред, кога за некои наши сограѓани тоа не важи. Но не само во овој дел на градот.

Деновиве е исчистена е дивата депонија кај ординацијата Панче Васков и околу зградата, при што се собрани 6м3 смет и отпадоци како и дивата депонија на ул. Орце Шутев на спој со ул. Јовче Ќучук, при што се собрани 6м3 смет и отпадоци.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »