речник контакт

Четврток на 21-ви мај, вторa вонредна крводарителска акција

Ќе се одржи во Ликовен салон од 9 до 14 ч. со телефонско закажување

Петар Печков

Поради вонредната состојба во државата,  има ниско ниво на залихи со крвни единици. Затоа Црвениот крст во соработка со Институтот за Трансфузиона медицина се одлучи во Велес да се одржи  втората вонредна крводарителска акција. 

Акцијата ќе се одржи на 21- мај  в четврток,  во просториите на Ликовен салон, со почеток од 9до 14 часот. Општинскиот Црвен крст на Велес ги повикува сите крводарители кои сакаат да учествуваат да дојдат и да дадат голем придонес за здравјето на населението.

Со цел да се придржуваме на мерките за безбедност на јавното здравје сите кои сакаат да донираат најдобро е да се јават на телефонскиот број  076/368-066 за да добијат термин кога да дојдат на крводарување со што би се избегнало чекање и контакти со останати граѓани - пишува во соопштението на Црвениот крст до Велес. 

На крводарителската акција ќе се применуваат сите стандарди и процедури согласно состојбата во која се наоѓаме.

На првата годинешна вонредна крводарителска акција, одржана пред еден месец, ан 15-ти април, се собраа 63 крвни единици.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »